Брајчино 2

 

 

Развој на локацијата во Брајчино од почетокот на проектот во ноември 2012 година



Јули 2013:


Ископ за вториот водозафат, со кој завршува и подготовката на трасата за целосниот цевковод кој достигнува речиси 3км во должина, и за двата водозафати.


Првите шахти каде подоцна ќе бидат сместени вентилите за ослободување притисок, се веќе завршени.


Покрај цевоководот, поставени се енергетски и сигнален кабел до водозафатот.


Цевководот е сега целосно поставен од првиот водозафат речиси до машинската зграда.


Јуни 2013:


Ископ за подготовка на изградбата на првиот (поголем) водозафат.
Почвените карактеристики тука се менуваат од земјени до камени.


Поглед на машинската зграда од задната страна.
Одводната вада од турбината до реката.


За среќа, поставувањето на притисниот цевковод не предизвика поголеми проблеми благодарение на почвените карактеристиките.


Мај 2013:


Трасата на притисниот цевковод меѓу машинската зграда и вториот водозафат.


Ѕидањето на машинската зграда со силикатни блокови (YTONG) е речиси завршен.


Април 2013:


ГРП цевката пред монтирањето. Јасно се гледаат: двојните црни заптивни прстени (о-прстени).


Извршен е тест за притисок, создавајќи притисок меѓу двата заптивни прстени (о-прстени). Доколку притисокот остане непроменет, спојот ќе го издржи и предвидениот воден притисок.




Март 2013:


Бетонските работи се завршени и оплатата е отстранета од одводната вада.


Оплатата и армирањето на одводната вада до реката се во тек


Оплатата и армирањето на темелите на турбината се завршени. Сега може да започнат бетонските работи.


Февруари 2013:


• Поглед кон машинската зграда од трасата на цевководот. Оплатата е отстранета од темелните стопи и затезните греди. Над нив може да се видат армираните спојки за наредниот дел.


• Бетонски работи на темелната конструкција од машинската зграда на основата на плочата.


• На сликата се гледа слој од набиен тампон кој служи за подобрување на карактеристиките на земјиштето. Природното земјиште не располага со доволен капацитет за да поднесе оптовареност.
Дрвенате греди ги означуваат идните позиции на темелните стопи и затезните греди на темелите.


Јануари 2013 :


Слојот од ситен песок за подобрување на земјиштето е поставен тука, одвоен од земјиштето со геотекстил.


Ископана дупка за изградба на машинската зграда во Брајчино. Лево: Сашо Глигоров, управител на ПЦЦ ХИДРО Скопје.


Привремен мост преку Брајчинска река, кој овозможува поврзување на машинската зграда со локацијата за изградба/достава на материјал.


Декември 2012 :


Состанок за отпочнување на работите со главните изведувачи, во присуство на нашиот проектен тим составен од г-дин Климент Коцарев (градежен инженер, лево) и Кристиан Глигоровски (проект менаџер, десно).



Координати


Google Earth:
40° 55’ 03’’ N, 21° 11’ 39’’ E (Зафат 1)
40° 55’ 09’’ N, 21° 10’ 53’’ E (Зафат 2)
40° 54’ 40’’ N, 21° 10’ 17’’ E (Централа)

Google Maps:
40.917797, 21.194386 (Зафат 1)
40.920274, 21.182488 (Зафат 2)
40.911275, 21.17177 (Централа)
back print top
PCC. synergies at work