Zu den Bereichen



 

Изјава за користење на лични податоци и приватност

 

 

ПЦЦ знае дека безбедноста на вашите лични информации при користењето на нашата веб страница е важен фактор. Затоа, заштитата на вашите лични податоци претставува сериозна обврска за нас. Од оваа причина, би сакале да Ви соопштиме кои податоци ги задржуваме, а кои ги поништуваме. Преку оваа изјава за користење на личните податоци и приватноста, би сакале да Ве информираме за нашите безбедносни мерки.

Прибирање податоци
Можете да ја користите нашата веб страница без да ги објавите вашите лични податоци. Не е потребно да обезбедите лични информации како предуслов за користење на нашата веб страница, освен ако тоа не е потребно за да Ви обезбедиме некој производ или услуга на ваше барање. При користењето на нашата веб страница, може да се зачуваат податоци поради безбедносни причини. Овие податоци може да го вклучуваат името на вашиот интернет сервис провајдер, веб страницата чиј линк сте го искористиле за да пристапите на нашата, веб страницата која сте ја посетиле преку нашата веб страница и вашата ИП адреса. Можно е овие податоци да доведат до ваша идентификација, но ние не ги користиме нив со таа намера. Повремено ги користиме податоците за статистичките цели, но ја одржуваме анонимноста на секој индивидуален корисник така што лицето не може да биде идентификувано. Во случаите кога личните податоци им се прават достапни на други лица со цел да Ви се обезбедат производи и услуги кои сте ги побарале, или за други цели кои Вие сте ги одобриле, ние користиме технички и организациски средства за да се осигуриме дека сите важечки регулативи за безбедноста на податоците се почитуваат.

Прибирање и процесирање на лични податоци
Ние ги прибираме личните податоци само ако Вие ни ги обезбедите истите по пат на регистрирање, пополнување на формулари и електронски пораки кои се дел од нарачките за производи или услуги, прашалници или барања за материјали кои се нарачуваат и во слични ситуации во кои Вие сте избрале да ни ги обезбедите тие информации.
Базата со податоци и нејзината содржина останува во нашето друштво зачувана на процесори на податоци или сервери кои дејствуваат за наша сметка и ни одговараат нам. Ниту ние ниту нашите агенти нема да ги даваат вашите лични податоци на користење на трети лица во каква било форма, освен ако ние сме добиле ваше одобрување за тоа или освен ако тоа е законска обврска.
Ние ќе ја задржиме контролата и одговорноста за употребата на сите лични податоци кои Вие ќе ни ги објавите нам. Некои од овие податоци може да бидат зачувани или процесирани на компјутери кои се лоцирани на други јуриздикции, како на пример во Соединетите Американски Држави, каде законите за заштита можат да се разликуваат од јуриздикцијата во која Вие живеете. Во овие случаи, ние се осигуруваме дека постои соодветна заштита која ќе го услови процесорот на податоци во таа држава да обезбеди заштита на податоците која е еднаква на заштитата која се користи во државата во која живеете.

Цели на користењето
Податоците кои ние ги прибираме ќе се користат исклучиво за да Ве снабдиме со побараните производи или услуги или за цели кои Вие сте ги одобриле, освен во случаи пропишани со законот.

Право на пристап и корекции
Имате право да ги проверите и измените личните податоци кои се зачувани во нашиот систем, ако верувате дека тие можеби не се веќе актуелни или не се точни. Едноставно, испратете ни е-порака на адресата наведена во импресумот или контактирајте го Одговорното лице за заштита на податоците на долу наведената адреса.

Право на поништување
Во секое време имате право да го повлечете одобрението за идното користење на вашите лични податоци. Повторно, испратете е-порака на адресата наведена во импресумот или контактирајте го Одговорното лице за заштита на податоците на долу наведената адреса.

Задржување на податоци
Ние ги задржуваме податоците само онолку долго, колку што ни е потребно да Ви ја обезбедиме услугата која сте ја побарале или за која сте дале одобрение, освен во случаите кои се пропишани со закон (на пример: поврзано со тековен судски процес).

Употреба на колачиња (Cookies)
Колачињата претставуваат мали текстуални записи кои се зачувуваат на кешот на локалниот прелистувач на посетителот. Преку користење на овие колачиња, се овозможува препознавање на прелистувачот на посетителот така што веб страницата може да се оптимира и да се поедностави нејзиното користење. Податоците кои се прибираат преку колачињата нема да се користат за одредување на личниот идентитет на посетителот на веб страницата.
Повеќето прелистувачи се нагодени автоматски да ги прифаќаат овие колачиња. Но, Вие можете да го деактивирате зачувувањето на колачињата или пак да го нагодите вашиот прелистувач да Ве информира секој пат пред некое колаче да се зачува на вашиот компјутер.

Безбедност
ПЦЦ употребува технички и организациски безбедносни мерки на претпазливост за да ги заштити вашите податоци од манипулација, губење, уништување или од пристап на неовластени лица. Сите лични податоци кои Вие ѝ ги обезбедувате на ПЦЦ ќе бидат кодирани при преносот така што ќе се спречи можната злоупотреба од трети лица. Ние редовно ги ревидираме нашите безбедносни постапки во поглед на новите технолошки достигнувања.

Деца
Во поглед на важноста на заштитата на детската приватност, ние не прибираме, не процесираме и не користиме на нашата веб страница никакви информации кои се поврзани со лица за кои знаеме дека имаат помалку од 13 години без претходна верификувана согласност на нивниот правен застапник/старател. Овој правен застапник има право, на негово барање, да ги погледне информациите кои ги обезбедило детето и/или да побара истите да се избришат.

Контакти
Ако имате какви било проблеми, прашања или идеи, Ве молиме контактирајте некој од следниве оддели:

PCC SE
Оддел за односи со јавност (Public Relations Department)
Moerser Str. 149 (Moerser Str. 149)
47198 Дуисбург (47198 Duisburg)
Германија (Germany)
тел: +49 2066 20 19 35 (phone: +49 2066 20 19 35)
e-пошта: pr@pcc.eu (e-mail: pr@pcc.eu)
PCC. synergies at work