Zu den Bereichen



 

ОПШТИ УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

 

 

Пристапот и користењето на оваа веб страница се предмет на следниве услови на користење. Ве молиме, не ја користете оваа веб страница ако не се согласувате со овие услови. Оваа веб страница е развиена, управувана и одржувана од страна на ПЦЦ СЕ (понатаму во текстот ПЦЦ). Го задржуваме правото да ја прекинеме страницата или пак да направиме делумни или целосни измени на целата веб страница или пак на Општите услови на користење. Ве молиме, имајте предвид дека го задржуваме правото на дискреција и одлучување за спроведување на ваквите измени без да извршиме претходно известување за нашите намери. Од овие причини, Ве молиме, при повторната посета на оваа веб страница, погледнете ги одново условите и земете ги предвид измените или дополнувањата кои можеби биле извршени.

Предавање на правото на користењето и бенефитите
Сите детали, документи и илустрации кои биле објавени на оваа веб страница се во сопственост единствено на ПЦЦ. Секоја дозвола за користење на истите се доделува под услов соодветните авторски права да бидат прикажани на сите копии, деталите да се користат само за лични цели, истите комерцијално да не се експлоатираат, да не се изменуваат на каков било начин и илустрациите земени од веб страницата да се користат исклучиво во комбинација со придружниот текст.

Трговски марки и авторски права
Сите трговски марки на оваа веб страница се во сопственост на ПЦЦ Групацијата, освен ако не поинаку назначено или воочливо дека станува збор за права на трети лица. Секоја неовластена употреба на овие трговски марки или други материјали изречно се забранува и претставува кршење на авторските права, законот за заштита на трговски марки и други права за индустриска сопственост.

Ограничена одговорност
На оваа веб страница, ПЦЦ состави детални информации добиени од внатрешни и надворешни извори во согласност со своите знаења и уверувања, притоа применувајќи професионална должна грижа. Се обврзуваме континуирано да го прошируваме и ажурираме обемот на информации. Информациите на оваа веб страница служат исклучиво за презентирање на ПЦЦ и на нејзините производи и услуги. Сепак, не се дава никаква гаранција или застапување, ниту изречно ниту имплицитно, дека информациите на оваа веб страница се целосни и точни. Ве молиме, имајте предвид дека иако информациите биле точни и прецизни на денот на нивното објавување, можеби подоцна веќе не се актуелни. Затоа препорачуваме да ги проверувате информациите добиени од оваа веб страница пред да ги искористите истите во каква било форма. Советите кои Ви се нудат преку оваа веб страница не ја исклучуваат обврската да извршите сопствена проверка во однос на тоа кои се најактуелни совети – посебно на оние кои се однесуваат на безбедносните листи со податоци и техничките спецификации – и на нашите производи во поглед на нивната оддржливост при намената и целта. Доколку Ви е потребен каков било совет или упатство за користење на нашите производи или услуги, Ве молиме контактирајте нè директно. Корисниците на оваа веб страница изјавуваат дека се согласуваат да пристапат на оваа веб страница и на нејзината содржина на сопствен ризик. Ниту ПЦЦ ниту која било трета страна која е вклучена во пишувањето, произведувањето или преносот на оваа веб страница не може да се смета за одговорна за штета или повреда која е резултат на пристапот или на неможноста да се пристапи или на употребата или на неможноста да се употреби оваа веб страница или поради фактот што сте се ослониле на информации обезбедени на оваа веб страница.

Веб страници на трети лица / линкови
Оваа веб страница содржи линкови / референции кон веб страници на трети лица. Фактот што овие линкови се обезбедени на оваа веб страница, не значи дека ПЦЦ ја одобрува нивната содржина. ПЦЦ ниту ја презема одговорноста за пристапноста или содржината на овие веб страници, ниту пак е одговорна за штети и повреди кои се резултат од користењето на тие содржини во каква било форма. ПЦЦ не нуди никаква гаранција дека страниците кои се поврзани преку линкови обезбедуваат информации со конзистентен квалитет. Линковите до другите веб страници се обезбедени само за да се пружи поголем комфор. Корисниците пристапуваат на овие веб страници на сопствен ризик. Изборот на линкови не треба на ниеден начин да ги ограничува корисниците да пристапат на страниците поврзани со линкови.

Податоци кои Вие ги обезбедувате
Корисникот на оваа веб страница е целосно одговорен за содржината и точноста на податоците кои тој или таа ги испраќа на ПЦЦ како и на не-кршењето на никакви права на трети лица кои би можеле да бидат вклучени во овие податоци. Корисникот ја дава својата согласност дека ПЦЦ ќе ги зачувува овие податоци и ќе ги користи за статистичка анализа или за други деловни цели, освен ако информациите вклучуваат лични податоци кои ги надминуваат мастер податоците и податоците за користење наведени во деловите 14 и 15 од германскиот Закон за телемедиуми. ПЦЦ има право да ја користи содржината на овие пораки, вклучувајќи ги идеите, изумите, шематските нацрти, техниките и експертизата, кои се составен дел на овие пораки, за какви било цели, вклучувајќи го развојот, производството и/или маркетингот на производите или услугите , а воедно го задржува правото да ги репродуцира овие информации и истите да ги стави на располагање на трети лица без какви било ограничувања.

Меѓународни корисници
Оваа страница се управува, проверува и ажурира од страна на ПЦЦ СЕ во Дуисбург, Германија. Нејзината намена е меѓународна употреба. Сепак, ПЦЦ не дава никакви гаранции дека податоците прикажани на оваа веб страница се точни насекаде во светот и конкретно, дека производите и услугите ќе бидат достапни со истиот изглед, величина и услови низ целиот свет. Ако ја повикате оваа веб страница и симнете содржина од неа, имајте предвид дека е ваша обврска да се осигурите дека дејствувате во согласност со локалните важечки закони.
Производите кои се споменуваат на оваа веб страница можат од држава до држава, да имаат различно пакување, различни величини на пакувањето или различни ознаки и натписи.

Идни изјави
Оваа веб страница може да содржи идни изјави засновани на актуелните претпоставки и предвидувања направени од страна на менаџментот на ПЦЦ СЕ и нејзините подружници. Разните познати и непознати ризици, несигурности или други фактори може да доведат до материјални разлики меѓу фактичките резултати во иднината, финансиската ситуација или успехот на друштвото и процените наведени тука. Овие фактори ги вклучуваат работите дискутирани во јавните извештаи на ПЦЦ кои се достапни на веб страницата на ПЦЦ www.pcc.eu . Друштвото не презема никаква одговорност за ажурирањето на овие идни изјави ниту пак да ги усогласи истите со идните настани и развои.
PCC. synergies at work