Галичник 3

 

 

Фази на изградба од почетокот на проектот во јули 2012 година


Јули 2013:


Изградбата на пристапниот макадамски пат од селото Јанче до машинската зграда, како и изградбата на хидроцентралата, како и изградбата на едноставен, но модерен систем за наводнување се успешно завршени во рамки на социјалниот проект на ПЦЦ ХИДРО. Подобрувањето на инфраструктурната ситуација во непосредна близина на селото Јанче и хидроцентралата Галичник ги прави земјоделските активности во околината значително полесни и овозможува модернизација во наводнувањето на истите. Проектот е кофинансиран од DEG од јавни фондови на Германското Федерално Министерство за Економска Соработка и Развој.
На сликата се гледа водозафатот од системот за наводнување.


Бетонските работи на темелите за турбината се завршени. На сликата се гледа одводната вада преку која водата истекува од турбината назад во реката.


Темелите на турбината се прилагодени да ја пратат во форма на вертикална Пелтон турбина, која ќе биде подоцна тука монтирана.


Темелните стопи за столбовите се бетонирани и оплатата е отстранета. Започна армирањето и бетонирањето на првите столбови.


На сликата се гледа пристапниот пат и потпорниот ѕид во правец кон машинската зграда.


Јуни 2013:


Положувањето на притисниот цевковод продолжува.


Во рамки на социјалниот проект, старите земјени канали за наводнување се заменети со цевковод.
Лево, на сликата се гледа поток, десно – водозафатот.


Набиена подлога за темелната конструкција на машинската зграда.
Размерување на темелната конструкција на машинската зграда.


Мај 2013:


Завршен пристапниот пат до машинската зграда.


Цевката е положена во ножицата на косината од пристапниот пат. Затрупувањето на цевката направена од соодветен тампонски материјал од дробен камен може јасно да се види.


Април 2013:


Како резултат на ретката вегетација во овој период од годината, пристапниот пат по кој ќе се води идниот притисен цевковод јасно се гледаат во средината на сликата.


Делови од цврста камена подлога ја оневозможуваат употребата на пикхамери (кљукачи) за ископ. Тука е потребно минирање.


Пристапниот пат добива површина која се состои од чакал и крупен песок (тука се гледа сеуште ненабиен).


Март 2013:


Види го објаснувањето подолу.


Првиот дел од пристапниот пат е набиен со помош на вибро ваљак.


Пристапниот пат до зафатот е ископан во стрмнина со користење на багер. Седиментната стена може да се ископува само со помош на корпата на багерот.


Февруари 2013 :


Пополнување и набивање на пристапниот пат по завршување на потпорниот ѕид.


Првиот дел од пристапниот пат до машинската зграда.


Поглед на потпорниот ѕид од задната страна.


Бетонски работи на потпорниот ѕид покрај пристапниот пат, за негово стабилизирање наменет за тежок камионски сообраќај.
(Селаните сакаа да се преземе оваа мерка бидејќи Македонија е редовно зафатена со лизгање на земјиштето).


Декември 2012:


Планински предели во Галичник покриени со снег – кои ги ограничуваа и отежнуваа градежните работи.





Ноември 2012:

Дозволата за изградба на локацијата е потпишана од ресорниот министер на 26 ноември 2012 година. Работата за изградба на патиштата на локацијата започна уште истиот ден. Имајќи ги предвид тешките временски услови, планот e да се завршат сите инфраструктурни линии, за транспорт и достава (пристапни патишта, престојни електрични кабли, итн.) пред да падне снег, така што напролет градежните работи да можат да започнат.



Координати


Google Earth:
41° 35’ 09’’ N, 20° 38’ 39’’ E (Зафат)
41° 35’ 01’’ N, 20° 37’ 55’’ N (Централа)

Google Maps:

41.586223, 20.644298 (Зафат)
41.583775, 20.631863 (Централа)

back print top
PCC. synergies at work