Градечка

 

 


Јули 2013:



По прв пат таложникот е наполнет со вода


Рибјата патека, која ќе им овозможи на рибите да се движат низводно и спротиводно, е пуштен во употреба.


Воспоставено е поврзување со јавната електрична мрежа, овозможувајќи активација на контролните уреди во машинската зграда.


Решетката во зоната на водозафатот и истиот е поставен и пуштен во употреба.


Градечка река е насочена кон водозафатот (Тиролски зафат) за прв пат. Природните камења во слапиштето вршта смирување на енергијата на водата.


Главниот вентил пред турбината сега е поврзан со цевководот.
Долу: Бајпасот овозможува цевководот да се испразни кога главниот вентил е затворен.


Масивни анкер блокови се бетонирани директно пред машинската зграда, што ќе ги пренасочи потисните сили од цевководот во земјата.


Јуни 2013:


Инсталација на контролната технологија и единицата за сихронизација.


Водозафатот гледан од почетокот на цевководот
Лево: таложникот
Центар: преливник на вода со слапиште
Десно: рибја патека


Закотвените темели (горе – на средина на сликата) ги абсорбираат потисните сили кои може да се појават при течење на водата.


Инсталација на турбината (обоена во тиркизна боја), генераторот (црвено) и хидрауличната единица е завршена. Фино штелување на електричните контроли ќе започне веднаш по завршување на работите на цевководот.


Мај 2013:


Преден поглед на машинската зграда. Лево: Простор за трансформаторот. Горе десно: Челичен високопритисен цевковод со пластична изолација. На најдолниот дел од притисниот цевковод, предвидени се челични цевки бидејќи водниот притисок е  30 бари; ГРП цевките нема да го издржат тој притисок.


Фино подесување на единицата турбина-генератор. Челичната рамка е заварена со арматурата на темелните плочи.


Турбината (обоена во тиркизна боја) и генераторот се доставени и спуштени во зградата во согласност со распоредот од 14 мај.


Април 2013:


Страничен поглед на машинската зграда. Фасадата е измалтерисана, и рожниците за покривот се поставени.


Подготвителна работа за поставување на бетонскиот под во машинската зграда. Поставена е битуменската изолација за обезбедување на водонепропусност.


Остранување на оплатата од мостот, кој сега може да се користи и со возила. Благодарение на дрвените потпори, процесот на зацврстување може да продолжи без притисок и оптоварување.


Првиот слој на груб малтер е поставен на надворешните ѕидови.


Март 2013:


Полумонтажните мостовски носачи се поставени и извршено е бетонирање на коловозната површина. Поставена заштитна фолија за нега на бетон.


Поставување на цевководот, 2 дел: По поставување и набивање на подлогата од калибриран дробен материјал, цевководот може да биде монтиран.


Поставување на цевковод, 1 дел: Ископувањето се одвива тешко поради карпестиот терен. Во поголем број случаи беше потребно ископот да се врши со минирање.
Лево: контролниот и електричниот кабел меѓу зафатот и машинската зграда.


Поглед од машинската зграда кон течението. Привремениот мост изграден од пластични цевки и земјена покривка наскоро ќе биде заменет со бетонски мост.


Февруари 2013:


Мостовски носачи се бетонирани со користење на полу-монтажна технологија. Откога ќе заврши зацврстувањето на носачите и оплатирањето е отстрането, тие се спуштаат на потпорните столбови на мостот.
Предноста е дека елементите може да се зацврстат без употреба на сили (намалување на пукнатини).


Армираната бетонска конструкција е изѕидана со гас силикатни блокови (YTONG) и рожниците за кровната конструкција се завршени. Во позадина (десно, над машинската зграда) може да се види трасата на притисниот цевковод.


Лево, пред машинската зграда, на сликата може да се види ѕидот за регулација на речното корито, додека пак темелите за идниот мост се на десната страна.


Структурните работи на машинската зграда се речиси завршени. Лево, во центарот, на сликата се гледа потпората за идниот мост.


Постојаните поројни дождови ја отежнуваат градежната работа на водозафатот.


Јануари 2013:


Завршено е армирањето; кровната конструкција е поставена. Започнува ѕидањето со силикатни блокови (YTONG).




Декември 2012:


Преден поглед на водозафатот, гледано по течението. Временските услови почнуваат да ги отежнуваат градежните работи. Лево: армирање на рибјата патека. Десно: таложникот е делумно бетониран.


Машинска зграда: Оплатата и бетонирањето се завршени. Наредно што следи е ѕидање со силикатни блокови (YTONG).


Таложник: Завршена оплатата за првиот бетонски дел. Лево, позади: почеток на армирање на рибјата патека.




Ноември 2012:


Таложник: Отстранување на оплатата на првата кампада од бетонски ѕидови.Наредните бетонски кампади ќе следат набрзо.


Таложник (гледан по неговата надолжна оска).


Отстранување на оплата од кровните греди на машинската зграда. На ова (најгорно) ниво се покривот, а потоа и конструкцијата за кранот за кревање на турбината и генераторот.


Подот и ѕидовите на таложникот сега се целосно армирани. Наредно што следи е оплата за бетонските работи на лице место (in-situ).


Зафатот (кој се гледа во позадина) со комплетирани бетонски работи. Почеток на армирање за таложникот.




Октомври 2012:


Армирање на одводната вада на машинската зграда.


Бетонирано тело на водозафатот.


Бетонски работи на водозафатот.


Достава на бетон со миксер на локацијата на водозафатот.




Септември 2012:


Армирање на телото на водозафатот.


Позиционирање и поставување на ГРП цевки.


Планирање на дното на каналот за цевководот.




Август 2012:


Место за складирање на ГРП цевки.


Достава и растовар на ГРП цевки.


Негување на бетонот од темелната конструкција на машинската зграда.


Темелна конструкција на машинската зграда.


Поставување на оплата и армирање – темелна конструкција на машинската зграда.


Завршен земјен слој за темелната конструкција на машинската зграда.




Јули 2012 :


Чистење на локацијата и подготовка за изградба на машинската зграда.


Бушење на дупки за минирање на трасата на цевководот.


Почетно геодетско поставување на машинската зграда.


Градилишна табла.


Градечка река.


Градечка долина.






Јуни 2012:

Доделување на одобрение за изградба на мала хидроцентрала „Градечка“, што значи дека градежните работи можат да почнат веднаш. По расчистување и минирање за да се подготви трасата за цевководот, започнаа земјените работи за машинската зграда за подготовка за поставување на темелите.

Мај 2012:

Успешно завршени се процесот за главно одобрување и тендерската фаза за градежни работи за понатамошните локации.

Јануари 2012:

Процесот за главно одобрување е успешно договорен. Поднесено е барање за градежна дозвола за една локација. Преговорите со потенцијалните градежни компании се при крај.

Август 2011:

Испратени тендерите за градежни работи.

Април 2011:

Потпишување на долгорочен Договор за заем со ЕБОР.

Декември 2010:

Испратени тендерите за турбинската опрема.

Октомври/Ноември 2010:

Доделени еколошките дозволи за четири локации.

Март 2010:

Потпишани се четири Договори за концесија, следи да се потпишат повеќе договори.

Фебруари 2010:

Владата на Република Македонија достави Анекс кон Договорот за концесија.

Јули 2009:

Започнати договори за концесија за изградба на 11 мали хидроцентрали, преговорите продолжуваат.

Јуни 2009:

ПЦЦ бара финансирање на проектите од Европската Банка за Обнова и развој (ЕБОР).

Октомври 2008:

Почеток на изработка на техничка документација.

Март 2008:

ПЦЦ добива уште една локација за изградба на хидроцентрала на втор тендер во Република Македонија.

Декември 2007:

Почеток на преговори за Договори за концесија.

Јули 2007:

ПЦЦ го добива првиот тендер во Република Македонија и добива локации за изградба и оперирање со 10 хидроцентрали.


Координати


Google Earth:

41° 47’ 13’’ N, 22° 19’ 28’’ E (Зафат)
41° 50’ 40’’ N, 22° 30’ 27’’ E (Централа)

Google Maps:
41.844805, 22.507746 (Зафат)
41.820527, 22.502199 (Централа)

back print top
PCC. synergies at work