Zu den Bereichen



 

ЕБРД одобрува околу 670.000 € за успешното пуштање во употреба на Македонските ПЦЦ хидроелектрични централи

 

 

Декември 2014

Дуисбург / Скопје / Лондон, Ноември 2014 – Како што е соопштено и претходно, ПЦЦ ХИДРО ДООЕЛ Скопје (Македонија) успешно ги пушти во работа неговите три хидроелектрични централи.
После завршувањето, ЕБРД (Европската Банка за Обнова и Развој) финансиската банка ги подложи на ревизија од независни експерти сите три проекти, што резултираше со добивање на плаќање за поттик односно ослободување од плаќање за успешното пуштање во употреба на централите. Како резултат на тоа, заемот од 6 милиони € договорен со ЕБРД се намали за околу 670.000 €.
“Ни претставува особена привилегија (чест) да се добие таква награда”, вели Др. Дирк Гурзеницх (Dr. Dirk Gürzenich), управител на ПЦЦ ДЕГ Реневаблес ГмбХ (PCC DEG Renewables GmbH), компанијата основач на ПЦЦ ХИДРО ДООЕЛ Скопје. “За нас, тоа е знак на признание на нашите достигнувања и важноста на нашиот проектен менаџмент. Би сакал да изразам особена благодарност не само на нашиот локален проект менаџмент тим, но исто така и на нашите Германски проект лидери кои раководеа одржувајќи баланс помеѓу трошоците, времето и квалитетот во сите развојни етапи. Најпосле, високо – квалитетното изведување на нашите проекти беше особено значајно за добивањето на плаќањето за поттик. Ова не прави нас многу горди.”
PCC. synergies at work