Zu den Bereichen



 

Финансирање на хидроелектраните на PCC DEG Renewables Gmbh во Македонија од страна на ЕБРД

 

 

Дуизбург/Скопје, 14.04.2011

Денес, филијалата на PCC DEG Renewables GmbH, ПЦЦ Хидро Дооел – Скопје, потпиша договор со ЕБРД за долгорочен заем од 6 милиони евра, за изградба на четири мали хидроелектрани.

Македонската филијала ПЦЦ планира да изгради четири хидроелектрани со вкупна моќност од 4.100 киловати, со локација во Патишка, Галичник 3, Брајчино 2 и Градечка. Овие, таканаречени проекти за заштита на климата, годишно ќе произведуваат околу 16 милиони киловат-часови струја, приближно намалувајќи 15,000 метрични тони емисии на јаглерод – диоксид. Сите проекти ќе аплицираат за да се регистрираат како „проекти со чисти развојни механизми“ во рамките на протоколот Кјото, со цел да се квалификуваат за добивање на јаглеродни кредити.

„Оваа поддршка за ПЦЦ е очигледно голем чекор нанапред кон спроведувањето на планираните хидроелектрични проекти во БЈР Македонија. Горди сме на тоа што ЕБРД го одбра нашиот проект кој, во рамките на хидроелектричното портфолио на ПЦЦ во Југоисточна Европа, е првиот проект кој ќе биде финансиран“ – изјави д-р Дирк Гирцених, директорот на германското PCC DEG Renewables GmbH.

Елена Урумовска, раководител на Резидентна канцеларија ЕБРД – Скопје, е исто така задоволна: „ЕБРД е задоволна со поддршката за вториот проект за обновлива енергија во приватниот сектор со долгорочно финансирање. Оваа инвестиција потврдува за континуираната поддршка од Банката за македонска концесиска програма за мали хидроелектрани и ја демонстрира деловната остварливост на проектите за обновлива енергија со мал обем“.

Со одобрувањето на досегашните 47 концесии за мали хидроелектрани, во март 2011 година македонската влада лансираше нов тендер за 44 концесии, кои вкупно содржат 28 мегавати, а ПЦЦ ја разгледува можноста за повторно поднесување понуда.

За ПЦЦ ДЕГ Рињуваблс Гмбх:
PCC DEG Renewables GmbH е основано од PCC SE & DEG во јули 2007 година како холдинг – компанија за локалните проектни правни лица, развивајќи и оперирајќи производни единици за обновлива енергија во Југоисточна Европа. ПЦЦ СЕ во оваа компанија има влог од 60%, додека ДЕГ поседува 40%. Од формирањето на компанијата во јули 2007 година, PCC DEG Renewables GmbH има проценето повеќе од 35 хидроелектрични локации во Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија. Досега, склучен е договор за 10 локации со околу 15 мегавати инсталирана моќност (или преку тендер или преку стекнување на правни лица со концесија). Една од тие локации, од февруари 2009 година, функционира во Босна и Херцеговина. Вкупната инвестирана сума во малите хидроелектрани, на десетте локации, изнесува повеќе од 40 милиони евра. www.pcc-hydro-mk.com

За ПЦЦ СЕ / ПЦЦ Групација:
ПЦЦ е групација од компании коишто имаат меѓународен бизнис, раководени од ПЦЦ СЕ, што се наоѓа во Дуизбург, Германија. Во 2010 година, ПЦЦ групацијата имаше вкупни продажби во износ од околу 580 милиони евра, реализирани во своите сектори за хемикалии, енергија и логистика. Во ПЦЦ е вработен персонал од 2,200 луѓе, во 12 држави. Благодарение на своите филијали во европската трговија со електрична енергија, како и на сопственото искуство во развојот на проектите за произведување електроенергија, ПЦЦ СЕ е стратешки партнер за заеднички настап (Joint Venture) со DEG. www.pcc.eu

За ДЕГ – друштво за развој и инвестиции:
Како член на германската државна банкарска групација KfW Banking Group, DEG e една од најголемите Европски финансиски институции за развој и изградба. Имајќи работено со повеќе од 1,500 компании, има обезбедено финансирање во износ повеќе од 11 милијарди евра. Со своето областно искуство и контакти, ДЕГ допринесува во соработката со локалните власти и институции. Згора на тоа, климатската заштита е важна деловна област на ДЕГ, со што веќе се финансирани електраните кои работат на принцип на ветар, вода и биомаса. www.deginvest.de

За ЕБРД:
ЕБOP, која е поседувана од вкупно 61 држава и од две меѓувладини институции, го поддржува развојот на пазарните економии и демократии во дражвите од централна Европа до централна Азија. www.ebrd.com
PCC. synergies at work