Акционер

 

 

PCC DEG Renewables GmbH е основана од PCC SE, приватна германска компанија и од DEG, подружница на германската државна групација Kfw banking group и тоа во јули 2007 година како холдинг за локални проектни правни лица кои развиваат и оперираат со единици за генерирање на обновлива енергија во Југоисточна Европа.

РСС ЅЕ е сопственик на 60 % од ова правно лице, а DEG на 40 %. Од основањето на друштвото во јули 2007 година, PCC DEG Renewables GmbH процени околу 35 локации за хидроенергија во Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија. До сега се склучија договори за 10 локации (или преку тендер или преку преземање на концесионери) со околу 15 мегавати на инсталиран енергетски капацитет. Вкупната инвестиција во малите хидроцентрали за овие 10 локации ќе биде околу 30 милиони евра. Почеток на изградбата на четирите локации во Македонија како и на двете локации во Бугарија ќе започне во вториот квартал на Q2/2011 година.

На 2 февруари, 2009 година првата мала хидроцентрала „Мујада“ во Централна Босна беше пуштена во погон.

На 6ти август, 2013 година малата хидроцентрала „Градечка“ во западна Македонија беше пуштена во погон.

На 1ви јуни, 2014 година малата хидроцентрала „Брајчино 2“ во југо - источна Македонија беше пуштена во погон.

На 15ти јуни, 2014 година малата хидроцентрала „Галичник 3“ во северо - источна Македонија беше пуштена во погон.








Мујада
Мала Хидроцентрала

EC-3 Kraftwerk

Фази на изградба од почетокот на проектот во Октомври 2007 се до успешното поврзување со јавната мрежа во Февруари 2009

...повеќе


back print top
PCC. synergies at work