
За ПЦЦ Нев Хидро
Друштвото ПЦЦ НЕВ ХИДРО ДООЕЛ Скопје е основано како друштво за изградба и оперирање со хидроцентрали на 29.06.2012 година.
Оттогаш, компанијата работи на подготовките и развојот на проекти за мали хидроцентрали низ целата држава. Во 2012 година со Mакедонската влада се потпиша договор за концесија за една локација , со што беше договорен инсталиран енергетски капацитет од 1,6 мегавати и вкупна инвестиција од околу 3,5 м €.
ПЦЦ НЕВ ХИДРО ДООЕЛ Скопје планира да развие и изгради и други проекти за мали хидроцентрали низ целата држава.