Намалување на влијанието

Со цел да се намали влијанието кое изградбата на малите хидроцентрали би можела да го има врз природната средина, беа преземени неколку мерки. Подолу следат повеќе информации за овие мерки.

Преостанатиот дел од протокот, кој исто така се нарекува и резервиран проток, претставува протокот на водотекот кој што останува во коритото на водотекот откако дел од водата ке биде зафатена во турбината и пред враќањето на истата од турбината.

Всушност водата е зафатена од водотекот, доведена е до турбината и поминува низ турбината пред да биде вратена во коритото на водотекот, но низводно од прифаќањето. Преостанатиот дел од протокот е наменет за:

  • да обезбеди опстанок на рибите
  • да ги напојува подземните води
  • да ја потпомогне разновидноста на видовите
  • да го валоризира пејсажот
  • да создаде алувијални места
  • да обезбеди чистота на водотеците

(© ESHA – Европска Асоцијација за Мали Хидроцентрали)

За да се избегне можниот ефект врз рибите поради нарушувањето на континуитетот на водниот тек, што пак може да резултира во намалена можност за миграција и последователно одделување од популацијата и намалување на виталноста и количината, проектот вклучува дизајнирање и поставување на рибни патеки на водните зафати на Брајчинска река и реката Станисар.

Деталната спецификација за овие конструктивни сегменти на дизајнот на двата зафати ќе биде предмет на понатамошни фази во проектирањето на споменатите објекти. Практичната примена на оваа мерка, преку фазата на изградба, ќе придонесе за намалување на потенцијалниот негативен ефект врз рибите во текот на оперативната фаза на малите хидроцентрали.
Рибните патеки можат лесно да се применат. Првенствено поради (1) релативно едноставната инженерска технологија потребна за нивната изградба, (2) користењето на природни материјали и (3) располагањето на упатства за нивната изградба, функционирање и одржување (Териен и Буржоа, 2000). Оперативните параметри на рибните патеки во поглед на стапката на проток на вода, зоните на турбуленција, спротивните струења, допирниот тек и сл. ќе имаат големо влијание на ефикасноста на патеката.
(Од Процената на еколошкиот и социјален ефект) (ESHA)

Градежните работи на локацијата ќе вклучуваат извршување на земјени и бетонски работи поврзани со изградбата на објектот и помошната инфраструктура на малата хидроцентрала.

Во рамките на одреденото градилиште и неговата околија ќе се одвива движење на градежната механизација и работната сила. Највисокото ниво на овој тип на бучава постигнува 80 – 90 dB (A). Примената на стандардизираните оперативни активности и мерки за време на изведувањето ќе резултираат со почитување на нивоата на бучавата со вредностите на границата за емисии. Главниот извор на емисии на бучава од стандардната оперативна мала хидроцентрала е хидроелектричната единица односно електричната механичка опрема која е сместена во централата, имено: генераторот, турбината и сл. Модерната технологија за овој тип на производство на опрема, која ги следи производствените стандарди за постигнување на многу ниски маргини на толеранција, инсталација на материјали за звучна изолација / елементи на турбините и сл. овозможува намалување на бучавата во самиот извор (опремата) во централата на ниво на 70 dB. Ова е предмет на вградување на градежни и структурни мерки за звучна изолација и овозможува понатамошно намалување на нивото на бучава надвор од зградата на ниво кое е речиси и незабележливо за населението.
Како резултат на природата на локациите и нивната оддалеченост од главните извори на бучава, нивоата на бучава во рамките на проектните површини се во рамките на амбиеталните нивоа и во рамките на максимално дозволените граници, без да постои интензивно константно присуство на бучава генерирано од антропогени изводи и активности.
(Од Процената на еколошкиот и социјален ефект)