
Ефикасност
Овој проект дава придонес кон напорите на Република Македонија да ги постигне целите за искористување на изворите на обновливи енергии и подобрување на енергетската ефикасност.
Покрај фактот што потенцијалот за хидроенергија е извор на еколошки чиста енергија, тој воедно е и најсигурниот и економски најисплатливиот вид на извор на ваков тип на енергија. Хидроцентралите имаат највисока оперативна ефикасност меѓу сите познати системи за производство на електрична енергија. Тие се во голем дел автоматизирани и изнудуваат релативно ниски оперативни трошоци.